ЗОИ 2018: Американците далеку од зацртаното

од desk2

Раководството на Американскиот олимписки комитет пред почетокот на Игрите во Јужна Кореја предвиде дека нивната делегација ќе се врати со 37 медали, но спортистите од САД до недела кога завршуваат ЗОИ тешко и да се доближат до оваа граница.


Агенцијата „Асошиетед прес“ пишува дека Американците ги поставија своите цели на состанокот на бордот на директори минатата година и ова проекција служела како средство за одредување на финансирањето на индивидуалните спортови.

Сепак, 48 часа пред крајот на Олимписките игри, САД имаат 21 медал, па дури и ако се оди идеално во нивна корист во најновите изданија, тие ќе останат на десет медали помалку од посакуваната цел.

Алан Ешли од локалниот комитет за АП изјави дека тимот се уште функционира добро. Тој тврди дека многу од олимпијците на САД кои пропуштија медали беа многу блиску до освојување.
Лидер по борјот на освоени медали досега на ЗОИ 2018 е Норвешка со 35, пред Канада со 27 и Германија со 25.

loading...

Слични содржини