Зоолошка дарува вредни подароци за сите посетители

од desk2
214 прегледи

Оваа година Зоо Скопје го слави својот 93-ти роденден, а по тој повод подготвија многу изненадувања за посетителите. Од 1-ви до 31-ви август со купените влезници посетителите ќе добиваат купони на кои ќе треба да ги испишат нивните податоци.

– Со тоа станувате потенцијален добитник на некој од вредните подароци: Прва награда е електричен скутер од Брегал. Втора награда е патување за двајца (плус едно дете) со пет ноќевања. Трета награда е годишна стипендија од училиштето за ментална аритметика Ментална аритметика Малац Генијалац Македонија. Среќните добитници ќе бидат извлечени на 1 септември во 12 часот на прославата на 93-тиот роденден на Зоолошка градина – информираат од Зоо Скопје.

Купонот треба да го пополните заедно со бројот на фискалната сметка од влезниците и да го ставите во кутијата поставена пред влезот во Зоолошка. Чувајте ја фискалната сметка до 1 септември, односно до извлекувањето.