Зоран Јовановски: Се раздвижува политичката сцена, во тек е процес на дистанцирање

од Nikola Popovski
308 прегледи

„Се раздвижува политичката сцена. Како што ми се гледа мене, во тек е процес на дистанцирање…“, се огласи поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, откако во јавноста во последните денови се појавија шпекулации дека поранешниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски се враќа на политичката сцена и ќе формира нова политичка партија.

Јовановски му беше главен противкандидат на Зоран Заев во внатрепартиската трка за лидер во 2013 година.

Од Кабинетот на Црвенковски денес соопштиле дека поранешниот премиер и претседател на СДСМ останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања.

Премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција изјави дека не верува дека поранешниот лидер на СДСМ би можел да формира нова политичка партија.

„Гледам овие денови во јавноста е присутна информацијата дека Црвенковски ќе формира партија, никој не прашува дали оваа информација е точна. Црвенковски не може да биде ништо друго освен СДСМ. Не верувам во вакви приказни тоа не е точно, но треба да го прашате Црвенковски тој е еден од основачите на СДСМ беше премиер, претседател наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта“, вели Заев.

Од СДСМ негираат дека ваквите случаи се одраз на поделби на партијата на повеќе крила и уверуваат дека партијата е обединета.

Слични содржини