Зошто блиските пријатели ни ги „читаат“ мислите?

од desk2
72 прегледи

Колку пати сте имале чувство дека пријателите ви „ги читаат” мислите? Дали некогаш сте се запрашале зошто тие ве разбираат повеќе од сите други? Ако одговорот е “Често”, науката може да ви понуди објаснување, пишува „Nature Communications’. 

Истражувањето на експерти од колеџот Дартмут  во САД ги објаснува можните причини за синхронизација на мозокот меѓу пријателите.

За целите на студијата на учесниците им биле прикажани видео клипови, а нивната активност на мозокот е испитувана со скенер. Снимките од скенот покажале дека колку две лица се поблиски, толку повеќе им е слична мозочната активност. 

Експертите утврдиле дека кај блиските пријатели се активираат исти мозочни зони, одговорни за мотивација, внимание и проценка. Како резултат на тоа, научниците дури знаеле кои од учесниците се пријатели.

Студијата покренува две важни прашања: дали луѓето бараат пријатели кои мислат како нив, или, со тек на времето, близината ги спојува.

– Мислам дека се случуваат и двете работи, вели Адам Клајнбаум од истражувачкиот тим.