Зошто ги натепале Миле и Спире во затворот во Шутка

од desk4

Првин провоцирал Спире, а потоа и Миле, полицајците разделувале. Сега е се според редовниот ред и мир

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот, велат во официјалната информација од затоврот Скопје-Шутка.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

По инцидентите за лицата С.Р. и М.Ј. веднаш се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар по  што лицето С.Р. не побарало дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. се пожалило на болки поради што е упатено кон болницата 8 септември.

Управата на истражниот затвор Шутка најостро ги осудува ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и истото најостро ќе се санкционира.

Истражниот затвор ќе ги преземе сите мерки и активности извршителите на физичко насилство да бидат соодветно санкционирани и во иднина, како и денес, ќе продолжи да постапува професионално и според сите мерки за безбедност предвидени во вакви ситуации. Нападнатите лица ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата.

Управата на Затворот апелира да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации бараат од затворот Шутка.

Во шпекулациите сепак доминира дека првин Спире Ристески испоровоцирал а потоа и Миле Јанакиески возвратил на што затворениците се разбеснеле и преминало во фиизичка пресметка. Сека затворската полиција спречила се тоа да ескалира.ВО една реченица првин провоцирал Спире, а потоа и Миле, полицајците разделувале. Сега е се според редовниот  куќен ред.

 

Слични содржини