Зошто го сакаме мирисот на дождот?

од desk2
71 прегледи

По долг период суша, дождот донесува освежителен мирис во околината. Причина за тоа е хемијата која ги мами научниците, па дури и производителите на парфеми да го откријат овој мирис.

Бактериите, билките, па дури и молњите играат улога во создавањето на овој пријатен мирис по бура. Познат како „петрикор“, по овој траен мирис трагаат многу научниви и производители на парфеми.

Мирисокт го именуваа австралиските истражувачи во 1960 година. Топлиот, семјен мирис кој го чувствуваме по дожд е производ на бактериите кои настануваат по дождлив период.

„Овие бактерии ги има многу во тлото. Кога велите дека чувствувате мирис на влажна земја, тоа што всучност го чувствувате е ммолекул кој го произведува одреден тип бактерија“, вели професорот Марк Батнер, молекуларен биолог во центарот „Џон Инс“.

Молекулот, геозмин, производ е на стрептомицета. Бактерија, која се користи и при производство на комерцијални антибиотици. Капките вода кои паѓаат на земјата го ослободуваат тој геозмин во воздухот.

„Многу животни се осетливи на овој мирис, а особено чевекот“, додава професорот.