Зошто источна Европа помина подобро во пандемијата отколку „Западот“?

од Nikola Popovski

Мапата на распространетоста на епидемијата на коронавирус во Европа јасно покажува дека богатите земји од западна Европа претрпеле поголема штета од источните земји-членки на ЕУ, со впечаток дека најважната причина за тоа е раното воведување на рестриктивни мерки.

Дури и најтешко погодените земји од Централна и Источна Европа имаат многу помала стапка на инфекција и смртност од коронавирус на милиони жители од западноевропските земји, а според некои показатели ова е дури и впечатливо, пишува Гардијан.

На пример, Словачка има само 1.423 случаи и 25 смртни случаи. Соседна Австрија, за која многумина сметаат дека е успешна во борбата против вирусот, има 10 пати повеќе заразени и 20 пати повеќе смртни случаи, со само третина повеќе жители.

Ова може да биде под влијание на различни индивидуални фактори во различни земји: понизок животен век, што значи помала ранлива стара популација, помала густина на населението, помал воздушен сообраќај кон Кина, пониска стапка на тестирање или само среќа.

Носењето маски, што беше задолжително во Чешката Република и Словачка на почетокот на епидемијата исто така придонесе за запирање на ширењето на вирусот.

Главната причина се чини дека беше раното воведување на карантин и рестриктивни мерки од страна на скоро сите земји во регионот, пренесува Танјуг. Додека во Велика Британија и другите западноевропски земји, јавните настани и собири сепак беа дозволени во втората и третата недела од март, во централна и источна Европа, владите видоа што се случува во Италија и брзо воведоа рестриктивни мерки.

На таа определба придонесе и зголемениот страв во некои земји за нивниот здравствен систем.

Грција, која исто така воведе строги мерки за да не го оптовари веќе погодениот здравствен систем, е уште една земја каде податоците за ефектите на коронавирусот се импресивно мали. Во земјата со 11 милиони жители, досега се регистрирани само 2.620 случаи.

Слични содржини