Зошто италијанските селани долго живеат?

од desk2
61 прегледи

Жителите на селата во Италија се познати по тоа дека доживуваат длабока старост, а причини за тоа се што се одликуваат со позитивен став кон животот, напорна работа, упорност, силни врски со семејството, религијата и со родната земја.

Ова го заклучија научници од Римскиот универзитет Ла Сапинеца и Калифорнискиот медицински универзитетод Сан Диего, кои објавија статија во International Psychogeriatrics.

Експертите велат дека овие психолошки карактеристики се еден од факторите што го продолжуваат животот.
Во студијата биле вклучениа 29 возрасни и нивни 51 роднини од девет села во областа Чиленто во јужна Италија.

Најстарите учесници се од 90 до 101 година. Научниците кои ги оценуваат индикаторите за психичко и физичко здравје, спровеле интервју во кое учесниците раскажувале за личниот живот, за најважните за нив настани и убедувања. Покажало дека оние кои долго живеат се со подобро менталното здравје отколку помладите членови на семејството на возраст меѓу 51 и 75 години.

Тие покажале оптимизам и доверба во себе, отпорност на стрес и добри навики за прифаќање на одлуки. Покрај тоа, тие останале верни на своите убедувања, успешно ги надминуваат виталните пречки и не се грижат што мислат другите.