Зошто Лукашенко се уште се нема тестирано за Ковид-19?

од Nikola Popovski
163 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, сè уште не се тестирал за коронавирусот, изјави Наталија Ејсмонт, портпарол на претседателот на Белорусија за телевизијата „Белорусија 1“.

„Нема потреба од тоа. Ова е единствената причина зошто досега се нема тестирано за КОВИД-19“, објасни таа за белоруската телевизија.

Патем, Лукашенко живее надвор од градот и во текот на годините, не ги менувал своите навики. Тој води здрав начин на живот и има силен имунитет, објавува медиумот.

Ејсмонт истаканала дека Лукашенко се чувствува добро и поради тоа нема потреба да го направи тестот за КОВИД-19.

Претходно, беше објавено дека белорускиот претседател никогаш не бил во самоизолација, ни откако еден член на неговиот хокеј тим бил дијагностициран со коронавирус.

Инаку, како што самиот Лукашенко изјави претходно, има многу луѓе кои имаат „фрлено око“ на неговата земја во пандемијата затоа што таа не сакаше да воведе режим на самоизолација како останатите.