Зошто мачките обожаваат да ја туркаат главата кон вас?

од Elena Daskalova

Во англискиот јазик оваа појава се нарекува „headbutt“, а многу сопственички на мачки сигурно забележале дека нивното милениче обожава да ја турка главата кон нив кога се гали.

Тие не го прават тоа само со луѓето, туку ако ги набљудувате подобро ќе сфатите дека често ја тријат главата и од мебел и од ѕидовите, а причината за тоа е покажување и барање нежност.

Триењето со глава е чин на поврзување кај мачките. Тоа го прават и лавовите и тигрите. Со тоа, покажуваат приврзаност, но и ги дефинираат односите во поголема заедница. Во исто време, таквото однесување е и знак на самодоверба и отвореност.

Исто така, мачките се познати по тоа што на овој начин оставаат трага на вас, после која препознаваат дека со вас имаат воспоставено поврзаност и ве гледаат како еднакви на нив. Општо, мачките ги користат мирисните жлезди што им се во пределот на главата за да ја остават таа трага на вас.

Потоа, откако веќе сте „бележани“, тие од вас очекуваат нежност, внимание и блискост. Некогаш вашето милениче ќе го направи тоа и со непознати луѓе или со гости, но може да се случи и воопшто да не се зближи со член на семејството.

Слични содржини