Зошто маските во моментов се посилно оружје од вакцината? Eве како ќе ни помогнат да се бориме против сезонскиот грип

од Берта Китинска
279 прегледи

Спрпскиот епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавшевиќ зборуваше за вакцина против коронавирусот.

-Да, се надеваме на дека вакцината ќе стигне што е  можно поскоро, што е пред сè безбедно и ефикасно, но тоа не треба да биде наш приоритет – тоа е оружје во целосна елиминација на вирусот. Сепак, за тоа време ние мора да ги користиме маските и да ги почитуваме мерки за заштита се нешто што ние само го применуваме. Маските се ефикасна мерка за заштита која спасува животи.

Д-р Кисиќ предупреди дека сезоната на респираторни вируси слични на грипот, па дури и на самиот грип, ќе започне наскоро, но дека оваа година се разликува од другите токму поради превентивните мерки.

– Превентивните мерки за коронавирус се исто така чести кај грипот. На пример, епидемијата на грип на јужната хемисфера беше најблага во овој век, па затоа мерките се многу корисни – заклучи таа.

Дали помагаат маските за дишење?

Маските за дишење нема да ви помогнат. Вирусите не се пренесуваат преку воздухот, туку преку директен контакт. Оттука, подобро е да се држите подалеку од оние кои се, или би можеле да бидат заразени. Најважна превентивна мерка е редовно и ревносно миење раце со сапун и топла вода. Препорачливо е исто така да се користат крпи за една употреба за бришење на рацете.

Грип или настинка?

Дури и лекарите имаат потешкотии да ја утврдат разликата меѓу случаи на инфлуенца и нормална настинка кога ќе го видат пациентот. При настинка, повеќето пациенти имаат болки во грлото, потоа течење од носот, а на крајот се развива и кашлица.

Овие симптоми, дополнети со треска и главоболка, можат да траат со денови.
За споредба, грипот ве удира одеднаш: Пациентот чувствува болки во главата и екстремитетите, развива сува кашлица, гласот му станува рапав, има болки во грлото и висока температура. Кога сте болни од грип не можете да станете од кревет, немате апетит и можете да спиете со часови.

Нормалната настинка вообичаено минува за неколку дена, а повеќето симптоми исчезнуваат за една недела. Грипот е далеку поздодевен и може да ве држи врзан за кревет цела недела, во некои случаи потребни се и неколку недели додека да се опоравите целосно.

Германските здравствени институции препорачуваат секој жител на Земјата кој е под зголемен ризик од сериозна болест секоја година да се вакцинира од грип. Таа препорака ги вклучува лицата над 60 години, хронично болните, бремените жени, и жителите на старски домови. Вакцина се препорачува и за сите медицински лица и вработени во јавни институции.

Слични содржини