Зошто „Нутела“ е повкусна во Австрија, отколку во Унгарија

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Студија на агенција за безбедност на храната во Унгарија покажа дека исти стоки се со повисок квалитет во соседна Австрија.
Идентични производи, произведени од прехранбени гиганти како Unilever и Nestle, и се движат од суви супи до чоколади, се наоѓаат повкусни и поквалитетни во Австрија. Тоа е резултат од истражувањето на 24 марки, извршено од унгарската агенција за безбедност на храната.

„Тоа пред сè е прашање на морал, а не на закон “, изјави владин службеник задолжен за надзор на синџирите супермаркетите.

При инспекциите бил спореден квалитетот на 100 идентични брендирани производи на унгарскиот и на странски пазари. Агенцијата за безбедност на храната го споредувала вкусот, составот и информациите за корисниците на етикетата на производите што се продаваат во синџирите продавници Spar, Metro, Lidl и Aldi во Унгарија.

Имало голем број на разлики во вкусот на производите што се продаваат во Унгарија и во истите синџири во Австрија. Кај некои од производите и имало и разлики во износот на штета на унгарските корисници.

Саканото од децата течно чоколадо “Нутела” на Ferrero се покажало повкусно и кремасто во австриските продавници, а сосот за шпагети “Карбонара” на Knorr содржи три вида сирење, кога е на австрискиот пазар, и ниту еден – во Унгарија.

“Унгарците сакаат фер третман, а не двојни стандарди”, рече службеникот. Тој истакна дека резултатите од поширока студија ќе можат да бидат објавени следниот месец.