Постојат два вида на луѓе – оние кои имаат чувство за сарказам и такви кои немаат. Според новото истражување, сепак оние кои спаѓаат во првата група се подобри во … сè.
Само се шегуваме!
Но, вистината е дека луѓето кои целосно владеат со сарказмот се покреативни, барем според резултатите од неодамнешното истражување.
Научниците од најпрестижните американски универзитети, вклучувајќи ги Харвард и Универзитетот Колумбија, ги поделиле волонтерите во истражувањето на три групи и ја натерале секоја од нив да симулира разговори врз основа на специфични насоки.
Првата група требало да се впушти во саркастичен дијалог, втората да одржи искрен разговор, а луѓето од третата група требало да комуницираат едни со други неутрално.
Потоа истражувачите ја “измериле” креативноста на учесниците така што им поставувале различни задачи.
Хипотетички било утврдено дека оние кои учествувале во саркастичен дијалог (како говорејќи, така и слушајќи) се справуваат подобро со исполнувањето на креативни задачи од останатите.
Според научниците, причината за тоа е едноставна. За да може човек да го разбира сарказмот, тој треба да умее да мисли креативно – “да мисли надвор од буквалното значење на зборовите и да сфати дека ораториумот мисли сосема поинаку”
Сарказмот е само една од карактеристиките за повисока интелигенција и креативност; други се интровертноста, скептицизмот и мечтаењето.
Тоа сосема не значи дека сите саркастични луѓе се паметни или имаат креативното размислување – секогаш има исклучоци. Но, тоа е сепак интересен носечки фактор кој не е за потценување.
Затоа следниот пат кога некој ќе ве нарече “сезнајко” заради вашата духовитост, заблагодарете му се дека забележал. Бидејќи е вистина – паметни сте!