Зошто секој треба да помине 2 часа неделно во природа?

од desk2
130 прегледи

Неодамнешна студија на британски научници имала за задача да ги испита ефектите од престој во природа врз здравјето. Тие интервјуирале повеќе од 19.000 луѓе од Велика Британија за тоа колку време поминале во природа во текот на изминатите недели, како и нивната моментална здравствена состојба.

Авторите на студијата заклучиле дека луѓето кои поминуваат најмалку 120 минути неделно во природа, физички и психички подобро се чувствуваат од луѓето кои воопшто не престојуваат во природа. Додале дека корисниот ефект може да се спореди со редовна физичка активност – веројатно и поради фактот што, кога се надвор, луѓето повеќе се движат. Не морате во една прилика да поминате 2 часа во природа – на пример, тоа може да биде и повеќе од кратка прошетка во парк или шума.

Заклучоците од оваа студија се во согласност со претходните студии кои ја потврдиле важноста на шетањето во природа за спречување на депресија, анксиозност, ментален замор и хипертензија.

Слични содржини