Скокањето на јаже е одличен тренинг. Таа има многу придобивки за брзото вајање на фигурата и губење на вишокот тежина. Скокањето на јаже освен тоа ја подобрува координацијата и помага за подобрување на вештините во чување на рамнотежа.
Зошто скокањето на јаже е една од најдобрите вежби?
Согорува многу калории
Скокањето на јаже е многу интензивен кардио тренинг. Затоа дури 10 минутното скокање јаже согорува огромен дел од калориите и помага за побрзо намалување на мастите.
При висок интензитет на скокањето за 15 минути можете да достигнете до горење 250 калории.
Се подобрува коскената густина
Коскената густина е важна, особено за женското здравје. Жените во ризик од остеопороза е добро да скокаат на јаже. Ако имате повреди и претходни скршеници препорачливо е сепак да се консултирате со лекар.
Се подобрува координацијата и брзината на движење
Скокањето е ефикасна вежба која атлетите и спортистите ја прават, за да се подобри координацијата и брзината. Затоа скокањето на јаже во умерен степен е корисно и за аматерски спортисти.
Корисно е за срцето и крвните садови
Здравјето на кардиоваскуларниот систем зависи од кардио тренинзите. Ако немате време и желба да ги правите долгите и исцрпувачки кардио вежби, скокањето на јаже е одлична опција. Можете да скокате кратко, но интензивно. Така постигнувате сличен ефект.
Помага за зголемување на мускулната маса
Добрата работа за скокањето на јаже е дека тоа не е обичен кардио тренинг, бидејќи е комбинација меѓу аеробни и енергетски вежби . При подигање на сопствената тежина и надминување на пречката мускулите учествуваат многу активно.
Затоа скокањето на јаже е прекрасен тренинг – тоа е комбинација на кардио и силно оптоварување. А, тоа е најважно за една соодветна физичка активност.