Зошто треба да јадете јаготки?

од desk2
1,8K прегледи

Почна сезоната на јаготки што многумина со нетрпение ја очекуваа.

Освен што се превкусни, сочните јагоди се исто така многу добри за вашето здравје.

Во една шолја свежи јаготки има само 46 калории и затоа се одличен избор да се засладите без да имате грижа на совест.

Една шолја јаготки исто така содржи повеќе витамин Ц од минималната дневна препорачана доза, што значи дека јаготките се одличен антиоксиданс, а исто така помагаат да се поттикне производството на колаген што резултира со затегната и свежа кожа.

Јаготките имаат противвоспалително дејство, а според најновите истражувања се добри и за здравјето на мозокот. Во едно истражување спроведено во Велика Британија, резултатите покажаа дека жените кои јаделе една до две порции јаготки дневно имале помал степен на губење на когнитивните функции во споредба со оние кои не изеле барем осум јагоди дневно.

Една шолја јагоди исто така ја обезбедува дневната доза манган, минерал што помага во производството на колаген и го подобрува здравјето на кожата и коските.

Оваа количина јаготки содржи и околу 3 грама растителни влакна, кои овозможуваат непречена работа на дигестивниот систем.

Јаготките исто така го поттикнуваат „добриот“ холестерол и ја поттикнуваат циркулацијата.