Зошто треба да јадете лубеница?

од desk2
172 прегледи

Лубеницата обилува со витамини и минерали, го одржува телото хидрирано и е многу делотворна во превенција на срцеви заболувања и хронични воспаленија.

Помага во одржувањето на енергија во телото и е вистинско освежување во летните периоди.

1. Витамин А

Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговите својства помагаат во намалување на слободните радикали во телото.

2. Витамин Ц

Витаминот Ц е потребен за подобрување на имунитетот, за спречување на оштетување на клетките, за подобрување на здравјето на забите и непцата.

3. Витамин Б6

Овој витамин е потребен за синтеза на серотонин и норепинефрин, заслужни за добро расположение.

4. Калиум

Ако не сте љубители на банана, калиум може да внесете од лубеници. Помага во опоравување на мускулите, го подобрува функционирањето на мозокот и го враќа во рамнотежа нивото на електролити. Исто така помага и во намалувањето на крвниот притисок.

5. Аминокиселини

Лубеницата содржи аминокиселини како аргинин и цитрулин, потребни за одржување на здравјето на артериите и кардиоваскуларниот систем. Исто така ја подобрува циркулацијата.

6. Вода

Лубеницата содржи околу 92 проценти вода и е одличен избор за хидратација.

Слични содржини