Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Зошто Твитер не го блокира профилот на Трамп: Корисник го пишувал истото што и американскиот претседател и бил суспендиран после само три дена

Зошто Твитер не го блокира профилот на Трамп: Корисник го пишувал истото што и американскиот претседател и бил суспендиран после само три дена

Корисникот SuspendThePress на 29 мај почна да копира и објавува твитови од американскиот претседател,  поттикнат од извршната уредба на Доналд Трамп, во која се бара ограничување на заштитата на социјалните медиуми, откако Твитер објави предупредување на една од неговите објави.

-Овој профил ќе твита исто што и претседателот, пишува корисникот во својата објава на Твитер. „Ајде да видиме дали ќе бидам суспендиран поради кршење на условите за користење на Твитер“.

Приближно 68 часа по објавувањето, овој корисник на Твитер е суспендиран поради кршење на правилата на Твитер за глорификација насилство.

– Мислев дека нема подобар начин да се тестира хипотезата отколку да се види дали ќе ме суспендираат за употреба на истиот јазик, изјави корисникот SuspendThePress за порталот „Машејбл“.

Твитот што ја предизвика суспензијата беше точна копија од најавата на Трамп дека „кога грабежот ќе почне, почнува и пукањето“, што го објави претседателот на 28 мај и во кој се закани со насилство врз демонстрантите кои излегоа на улиците заради полициско насилство. Ова беше и прва најава во експериментот.

Твитот на Трамп не е избришан, но е скриен со предупредување, а профилот на Трамп е се уште активен.

Од друга страна, експерименталниот профил на корисникот SuspendThePres е суспендиран поради и истата објава, а на корисникот му е оневозможено натамошно користење на профилот , односно објавување на твитови, ретвитови, следење на други профили или испраќање на лајкови.

Твитер го известил корисникот преку мејл, дека суспендијата ќе биде отстранета 12 часа по бришење на спорниот твит. Корисникот го направил тоа, повторно го вратил својот профил и продолжил да ги копира објавите на Трамп.

Твитер повеќе пати беше на мета на критики поради злоупотреба и штетна реторика на својата платформа. Иако компанијата неодамна почна со обележување и криење на некои твитови на Трамп, како и оние на политичарот Мет Гаец, се уште не ги отстранува или суспендира нивните налози, пишува „Машејбл“.

Наместо тоа, Твитер зазема став дека „може да биде во јавен интерес“ твитовите на Трамп да не се бришат, без оглед колку се провокативни или штетни.

loading...