Ѕвездата од “Сексот и градот” сака да се кандидира за гувернерка на државата Њујорк

од desk2
99 прегледи

Некогашната ѕвезда на ТВ серијата “Сексот и градот”, Синтија Никсон, има намера да се кандидира за гувернерка на сојузната држава Њујорк, пренесуваат американските медиуми.


Веќе долго време се шушка дека Никсон, откако ја напуштила сопругата и живее со нејзината девојка, има политички амбиции. Наводно, таа веќе започнала да прави тим од соработници, меѓу кои се наоѓаат и двајца членови на изборниот тим на њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио.


“Со оглед на тоа што Де Бласио и актуелниот гувернер на државата Њујорк – Ендрју Куомо се во прилично “отуѓен” однос, бројни загрижени жители ја поттикнуваат Синтија да се кандидира. Ако и кога ќе донесе таква одлука, таа сигурно на време ќе ги обелодени своите планови”, изјавила гласноговорничката на Синтија, Ребека Капелан.

Примарните избори се одржуваат на 13-ти септември, а општите ќе се одржат на 6-ти ноември. Куомо (60), оваа година ќе се кандидира за третиот мандат. Во 2014 година, противкандидат на примарните избори му бил помалку познатиот Зефир Тичаут, кој добил само 34 проценти од гласовите.

Никсон не е првиот човек кој се занимава со актерство во американската политика. Арнолд Шварценегер беше гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година, а Роналд Реган – претседател на САД.