209
Актерката Ени Вершинг, која остана запаметена по улогите во сериите „Timeless“ и „24“, почина на 45-годишна возраст, по долга борба со ракот.
Сопругот на Ен, Стивен Фул, ја објави веста за нејзината смрт на социјалните мрежи:
„Денес има голема дупка во душата на ова семејство. Но, таа ни ги остави алатките да го исполниме“, напиша Фул, кој исто така е актер и има три деца со Ени.
Актерката дозна за страшната болест во 2020 година, а и покрај лекувањето, продолжи да работи и да ја снима серијата „Star Trek: Picard“ и „The Rookie“.
Таа, исто така, го обезбеди гласот на Тес во популарната игра „The Last Of Us“, која подоцна беше адаптирана во серија од HBO.