🎥Претседателот на Србија: Следниот пат кажете ни кои селекции не смееме да ги победиме

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ остро реагираше на ситуација во вчерашното полуфинале меѓу САД и Србија, што го добија Американците со 95-91 по пресвртот во последната четвртина од Олимпијадата во Париз. Шефот на државата на нашите северни соседи објави видео од забивањето на Џоел Ембиид на почетокот на третиот дел, во кое има сомневања за чекори на Камерунецот со американски пасош.

„Во која земја оваа ситуација не се оценува како чекори? Следниот пат, кажете ни однапред кои екипи не смееме да ги победиме“, стои во твитот на Вучиќ.

Така Вучиќ им се придружува на селекторот на „орлите“ Светислав Пешиќ и капитенот Богдан Богдановиќ, кои исто така изразија разочарување од судиските одлуки на средбата.

Србија утре во 11 часот ќе се соочи со Германија во борба за бронзени медал, додека од 21:30 часот е финалето меѓу САД и Франција.

Слични содржини