📷Нема по убаво да го паметат одморот: Македонци останаа без таблички во Грција поради паркирање на погрешно место

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Туристи од Македонија најверојатно нема по добро да го паметат овогодишениот одмор во Грција. На познатата Фејсбук група „Grcka info“ беше објавено дека неколку посетители останале без табличките на своите автомобили, меѓу кои и семејство од Скопје.

-Сува интелигенција, паркирање на кружен тек. Се друго е јасно од табличките, пишува во ФБ-групата.

Во објавата се гледа човек, најверојатно грчки полициски службеник, кој ги собира регистарските таблички на македонски и на српски возила кои се паркирани на кружен тек.

„Е па убаво ве средија, не е тоа башибозукот и хаосот во Скопје, па да правите што сакате“, „Секоја чест“, „Овој од Скопје мисли дека негов е градот, респект за полицаецот“, гласат само дел од коментарите под објавата на Фејсбук групата.

Казните во Грција за погрешно паркирање изнесуваат 80 евра.

Слични содржини