Претседателот на САД, Доналд Трамп, одлучи да го прослави Денот на независноста на САД на специфичен начин, а сите настани што се случија околу Белата куќа се уште еден доказ дека Трамп сакал апсолутно целото внимание да го сврти кон себе.
Меѓу првите настани што Трамп ги организираше во дворот на Белата куќа беше потпишувањето на „големиот и прекрасен закон“, контроверзен документ што предизвика бурни реакции од Демократската партија, но и од некои републиканци кои не се согласија целосно со содржината на законот.
Трамп ги собра своите најлојални соработници во дворот на Белата куќа, а меѓу нив беше и името на Линдзи Греам, човек за кој многумина велат дека ја обликува сегашната политика на Трамп во најголема мера.
„Горд сум што стојам покрај Трамп додека тој потпишуваше документот за „големиот и прекрасен закон“. Овој закон ќе ја обезбеди нашата граница, ќе ја ослободи американската енергија и ќе врати повеќе пари во џебовите на вредните Американци. Голема победа за слободата и за Соединетите Американски Држави“, рече Греам.
Откако го потпиша законот, Трамп, на задоволство на многумина, удри со чекан, како знак дека законот е во сила. Чеканот, наменет за претседателот на Претставничкиот дом на САД, му го подари Мајк Џонсон на Трамп.
„Сакам да го имате“, рече претседателот Џонсон.
Церемонијата не заврши тука. По формалниот дел, Трамп излезе на балконот на Белата куќа со сопругата Меланија и го гледаше огнометот по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Спектакуларниот огномет заврши со препознатливиот танц на Трамп на песната „Y.M.C.A.“ што ја одбележа неговата изборна кампања.
Интересно е што овој пат и Меланија му се придружи во танцот, кратко танцувајќи во стилот на својот сопруг.
„Дадовме ветувања, и тие беа дадени ветувања, одржани ветувања, и ги одржавме. На роденденот на демократијата, имаме триумф и морам да кажам дека луѓето се среќни“, рече Трамп.
По воената парада што ја организираше американскиот претседател неодамна, прославата на Денот на независноста послужи како уште еден од главните настани во кои големото его и потребата фокусот на секој настан да се префрли само на една личност – сегашниот претседател на САД – првпат се појавија.
И покрај бурните реакции поради законот во кој милиони луѓе би можеле да останат без Медикејд и други програми за помош, на Трамп не му е многу гајле за критиките, а на социјалните мрежи од вчера, како никогаш досега, сподели серија медиумски објави во кои фокусот е на него. Покрај тоа, тој ги повика сите да купат книга што зборува за „најголемото враќање во американската политика“.
„Прекрасниот Њут Гингрич штотуку напиша книга за која се зборува во Вашингтон. Се вика „Триумфот на Трамп, најголемото враќање на Америка“. Се шпекулира дека е фантастична, но јас сè уште не сум ја прочитал – бев малку премногу зафатен. Кога ќе ја прочитам, ќе ви кажам што мислам, но Њут секогаш успева!!! Купете примерок сега“, напиша Трамп на Твитер.