📽 Продолжија протестите во Србија – во Ужице играа оро, во Шабац автомобил влетал во демонстрантите

Во Ужице, исто така на западот на Србија, се протестираше речиси цел ден со веселба.

од desk2
7 прегледи

Еден од најтешките инциденти на вчерашните протести во Србија вчера се случија во западниот град Шабац. Во вечерните часови автомобил „Форд Фиеста“ влетал во демонстрантите на блокадата кај Гимназијата и „качил“ едно момче на хаубата. Набргу сторителот е приведен, а повредениот демонстрант пренесен в болница.

 

Во Ужице, исто така на западот на Србија, се протестираше речиси цел ден со веселба. Протестот почна во 16 часот на Градскиот плоштад, а потоа „растеше“. Имаше луѓе и од соседните градови, а на магистралата, каде од 18 часот беше најголемата блокада, покрај што се вееја знамиња, се играше и оро.

„Денеска е величествено да бидеш ужичанец. Земете го изданокот на слободата од нас и на сѐ ова да му ставиме крај, да ја симнеме СНС од власт, да ја вратиме насмевката на лицата на граѓаните…
Во Ужице не може да се спроведува владеење преку страв, ние неколку пати го ослободувавме градот“, порача еден демонстрант.

Откако преку социјалните мрежи дознаа за настаните во Ужице, и демонстрантите во Ниш заиграа „Ужичко оро“.

Блокади и протести имаше во речиси сите градови на Србија вчера до пред полноќ, а некаде продолжија до раните ноќни часови.

Слични содржини