Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа посочи дека руските беспилотни летала што го нарушија полскиот воздушен простор можеби го сториле тоа случајно, нарекувајќи го инцидентот „грешка“. Коментарот предизвика остра осуда од Полска и нејзините европски сојузници, кои го нарекоа опасно и погрешно толкување на ситуацијата, објавува Киев пост.
„Може е грешка“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „не е среќен за ништо во врска со целата ситуација, но се надевам дека ќе заврши“.
REPORTER: What's your reaction to Russia's drone incursion into Poland?
TRUMP: It could've been a mistake pic.twitter.com/lPNIHHnEjE
— Aaron Rupar (@atrupar) September 11, 2025
Ннеговите зборови беа во остра спротивност со реакциите на европските лидери, кои го нарекоа инцидентот „намерна провокација“ и „нова, сериозна ескалација“ на конфликтот.
Да се потсетиме дека најмалку 19 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор завчера за време на нападот врз Украина, што ги натера авионите на НАТО да соборат четири од нив, потврди полскиот премиер Доналд Туск.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски директно ја негираше проценката на Трамп. „Не, не беше грешка“, сподели тој отсечно на социјалните медиуми.
Nie, to nie była pomyłka. https://t.co/PpVmHwoBc8
— Radosław Sikorski 🇵🇱🇪🇺 (@sikorskiradek) September 11, 2025
Полските и другите европски претставници ја нагласија сериозноста на инцидентот, велејќи дека беспилотните летала летале дури 480 километри длабоко на полска територија.