Основниот суд Скопје одреди 1 триесетдневен притвор за дадилката за која постои сомневање дека малтретирала деветмесечено бебе.

download (1)
Случајот беше обелоденет вчера попладне, кога Обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе.
Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.
По соопштението на Обвинителството, тетката на бебето на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видеозапис од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.
Адвокатот на дадилката, Ванчо Митев, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека начинот на кој се прибавени доказите е незаконски и дека очекува судот да ги издвои снимките./ МЕТА

Слични содржини