krazbaaaa

На 29.08.2015 година во 21,45 часот во ПС-Кочани Т.Ј.(56) од н.Оризари пријавил дека во временски период од од 07.30 часот на 28.08. до 21.00 часот на 29.08.2015 година додека со семејството биле отсатни, во неговата куќа од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба. Имено сторителот со употреба на подесен алат дејствувал во пределот на механизмот за затворање на влезната врата и истата ја отворил. По извршеното пребарување сторителот одзел околу 8450 евра, 56 000 денари, златен накит и други предмети стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 640 000 денари. Извршен е увид на местото на настанот. СВР-Штип превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Слични содржини