Аналитичарите очекуваат остри реакции од меѓународната заедница по посетата на Могерини

од desk2

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска на својот твитер профил порача дека внесувањето на Западен Балкан во Европската Унија е задача на сегашната генерација политичари, а не на идните.

„Балканот секогаш бил дел од Европа, ниту една политичка бариера нема да го промени тоа“, напиша Могерини. Таа утре ќе реферира пред министрите за надворешни работи на Унијата за нејзината балканска турнеа. Домашните аналитичари по посетата на Могерини очекуваат дека реакциите на меѓународната заедница ќе бидат уште поостри ако нема брза разрешница на политичката криза, информира Алсат М.

„Доколку состојбите во Македонија ескалираат и се случи насилство, не треба да се исклучи можноста од меѓународна интервенција бидејќи меѓународната заедница и тоа како е заинтересирана за да ја зачува стабилноста во регионот. Веќе знаеме како тензичните состојби и конфликти кај нас може да се рефлектираат во другите земји, особено во Косово“. – изјавува Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права

Реториката што ја употреби Могерини упатува на тоа дека состојбата е мошне сериозна, смета Симонида Кацарска од Институтот за европска политика. Затоа, вели Кацарска, политичките елити треба да покажат системски ставови за разрешување на кризата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини