Македонскиот кошаркар Перо Антиќ следната сезона најверојатно повторно ќе игра во Европа, откако за него сериозен интерес пројави Фенербахче, јавија неколку европски спортски медиуми.

antic1-615x400

Раководството на турскиот клуб во Антиќ гледало како на големо засилување и со негов ангажман заедно со уште некои нови кошаркари, челниците на клубот сакаат да создадат конкурентен состав за највисок пласман во Евролигата.

33-годишниот Македонец измината сезона во најсилната лига во светот НБА, одигра 63 натпревари и имаше просек од 5,7 поени, три асистенции и 0,8 скока во дресот на Атланта.

Покрај за нба-лигашот, во својата кариера Антиќ настапували и за Црвена Ѕвезда, Олимпијакос, Работнички, АЕК, Лукоил Софија, Локомотив Кубан и Спартак Санкт Петербург.

Во Фенербахче тренер е Жељко Обрадовиќ, а клубот веќе се засили со Костас Слукас/МИА

Слични содржини