АПМ: Не треба мирно да спијат и да не земаат плата, додека не се избере претседател на Собранието

од Vladimir Zorba

Алијансата за позитивна Македонија(АПМ) предлага новото парламентарно мнозинство веднаш да донесе одлука дека конститутивната седница нема воопшто да се прекине и нема да има паузи се додека не се избере Претседател на Собранието.

„Секој пратеник има право на збор, реплика и контра-реплика, и да зема плата за својата работа, но во исто време секој пратеник има и обврска и одговорност да го почитува Уставот, да ги воспостават институциите на државата и да ја почитуваат волјата на граѓаните сега искажана преку новото парламентарно мнозинство“, се вели во соопштението од АПМ.

Според нив, без тоа да го средат, пратениците немаат право на паузи, не би требало „мирно на спијат“ и не би требало да земаат плата.

Слични содржини