Барса пука од самодоверба, без тренинг на мегдан против Вардар

од desk2

Борко Ристовски и Барселона, противникот на Вардар во петото коло во Лигата на шампионите, треба околу 19 часот да пристигне во нашиот главен град. Според информациите не побарале од „црвено-црните“ термин за тренинг.

Барселона без тренинг во Скопје ќе излезе на утрешниот дуел против Вардар во рамките на петото коло во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант за кого настапува македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски треба околу 19 часот да пристигне во Скопје и до средбата со европскиот првак ќе се обиде максимално да се одмори.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е прогласен за меч од висок ризик, поради големиот број на публика. Билетите веќе се распродадени, а од таборот на „црвено-црните“ на фановите им препорачаа да дојдат порано.

Двата тима ќе се борат за првото место на табелата во групата А, и Вардар и Барселона имаат по седум бода, па тимот што ќе победи ќе се издвои на лидерското место./СпортМедиа

Слични содржини