timthumb (1)Оваа колумна сум принуден  да ја напишам и да исправам една “грешка“ од минатата. Имено, во колумната “Крстоманија“, реков дека “поставувањето на крстот во Бутел е провокација за муслиманите…“. И, ја утнав, признавам.

Поставувањето на крстот да ти било нешто сосема друго, да ти било стратегија, план за да “се сочува и одбрани македонскиот Бутел и да се спречи владеењето на Шеријатот “. А ќе ги одбранел Македонците човечето што, очигледно, не може да се одбрани ниту себеси. Барем така кажува самиот по фејсбуци додека опишува како го тепале.

Дефинитивно не мислам дека некој треба да биде тепан поради своите ставови, но, исто така, мислам дека нечии ставови не треба да бидат утепани и дотепани. A токму таа треба да биде и ќе биде, иншалах, судбината на ставовите на оној што претендира со крст да ги штити скопските општини . Таквите ставови смрдат на омраза, дискриминација, национал-шовинизам, антиисламизам .

И, ќе беше многу едноставна работата ако сите оние блувотини што ги кажува човекот чии ставови треба да се утепаат, беа негови, ако тој самиот ги завиткуваше со патриотски целофан, со македонизам и христијанство. Ама се плашам дека тој е само фигура, нај обичен пешак што се жртвува од големите играчи при отворањето на играта.

Целата колумна тука