“Блумберг” направи преголема анализа за заканите и ризиците за светот во 2017 година

од Vladimir Zorba

Путин може да ја присили Меркел да ја води Европа кон вооружување, нафтата може да скокне над 100 долари за барел, ова се само дел од истражувањето.


Масите се обраќаат. САД и Европа, кои со децении се бастиони на политичка стабилност, сега извезуваат политички ризик во целиот свет. Ова го предупредува “Блумберг” во годишното истражување на 146 аналитичари, економисти и стратези.
Според истражувањето на надворешната политика на Трамп, како и на Путин, и европските избори можат да бидат најголемите закани за светскиот поредок.

Резултатот од референдумот во Британија за ЕУ ​​и заработената побета на Трамп претседателски избори се само два примера од претстојните политички превирања.

Од истражување станува јасно дека во Европа се очекуваат уште поголеми промени на политичко и економско ниво.

Предвидено е политичка криза во Италија и победа на Марин Ле Пен на претседателските избори во Франција следната година.

Најголема загриженост во Азија ќе бидат евентуални протести во Хонгконг и лансирање на нуклеарни ракети од Северна Кореја кон САД. Потенцијален воен конфликт во Јужнокинеското Море исто така не се исклучува. Има голема веројатност САД да ги повлечат своите војници од Јужна Кореја и Јапонија.

Според експертите има еден главно сценарио за Блискиот Исток – скок на нафтата над 100 долари за барел при евентуален конфликт помеѓу Иран и Саудиска Арабија.

Како веројатни сценарија или многу сериозно треба да се земат предвид: Мексико е предмет на некаква агресивна политика од страна на Трамп; се појавува ново демократско движење во западниот дел на САД; САД драстично ја намалува воената интервенција на светски план; големи откритија за прислушувања од страна на влади; американски изолационизам и агресија од страна на Путин ја принудуваат Меркел да води политика на вооружување во Европа; Марин Ле Пен ги освојува изборите во Франција, а Меркел ги губи парламентарните избори во Германија.

Малку веројатни сценарија се: протести против Трамп кои водат до судири со федералните власти; Мексико влегува во рецесија по блокирање на НАФТА од страна на магнатот; Куба се враќа во руската сфера на влијание; тврдокорните ја преземат власта во Саудиска Арабија во позадината конфронтација со Иран; тешкиот “Брекзит” води соборување на премиерот Тереза ​​Меј и трговска војна меѓу САД и Кина.

Слични содржини