Богатите деца на Зимбабве, меѓу нив и синовите на Мугабе

од desk2

Скапи автомобили, приватни авиони, вредни часовници, недвижности… се тоа поседува елитата во Зимбабве која ја сочинуваат и синовите на Роберт Мугабе.

Тој пак, во вторникот отстапи од местото на претседател на Зимбабве, што ги поттикна луѓето да излезат на улица и да слават, задоволни од одлуката, затоа што условите за живот во оваа африканска држава со годините стануваа се полоши.

Меѓутоа, ако се гледаат фотографиите на најбогатите тешко ќе се поверува дека тоа е точно. Она што може да се види на социјалните мрежи на кои меѓу другите се и синовите на Роберт Мугабе, покажуваат како живее тамошната елита. А живее раскошно.

Синовите на Мигабе Роберт Џуниор (25) и Чатунга (21) на социјалните мрежи делат фотографии од луксузот, накитени богато и со скапи автомобили. Роберт Џуниор го привлече вниманието кога на колеџот во Дубаи се појави со црн Batmobile со кој се пофали пред следбениците на Инстаграм. Во септември купи два Rolls Royce.

Неговиот брат Чатунга е снимен како се фали со она што го има полевајќи Rolex со шампањско. Објасни дека не е тешко да се има часовник од 60.000 долари кога „тато владее со цела земја“.

Бесот што го предизвикаа кај граѓаните со раскалашаноста не ги сопре во истото.

Зимбабве има и свои сестри Кардашијан. Ванеса Чиронга и нејзината сестра Мишел, двете 28-годишни, се ќерки на кралот на недвижностите и политичар Филип Чијангва вреден 280 милиони долари. Иако за себе вели дека живее понизно, Мишел се вози во Land Rover од 100.000 долари. Сестрите парите ги трошат и на скапи венчавки и браќни патувања, крзно, кожа, дизајнерски чевли. За нив ништо не е екстравагантно.

Сидни Химбара Џуниор пак ги надминува сите. Неговиот татко е еден од најбогатите стопанственици во земјата, а Сидни на социјалните мрежи се фали со одмори по целиот свет на кои патува со приватен авион и со јахти, а сака да се пофали и со скапи автомобили.

На списокот расипници е и 33-годишниот бизнисмен Џиниус Кандунгуре кој на своите следбеници на друштвените мрежи им се фали со спектакуларни забави кои ги организира тој, но и со скапи автомобили.

Тука е и младиот милијардер Френк Бујанга, кој има толку автомобили што би го посрамотил цел Холивуд. На списокот возила е и 320.000 вредниот Rolls Royce, а кога новинари од локален медиум прашале колку автомобили поседува тој рекол: „Од каде да знам?“, пренесе Mirror.

Слични содржини