Брисел најавува можност за одмрзнување на препораката за преговори со Унијата

од Vladimir Zorba

 

Ако државата постигне напредок во однос на реформите, Брисел е расположен и порано ќе го испорача извештајот за напредокот на државата, порача еврокомесарот Јоханес Хан по состанокот за асоцијација и стабилизација кој се оддржа во Брисел.

Сепак договорот од Пржино и итните приоритети според еврокомесарот Хан мора да бидат основата на секој план од ЕУ агендата а од таа причина, тим на експерти предводени од Рајнхард Прибе претстојуваат во државата каде заедно со владини претставници ќе работат на решавање на проблемите околу владеењето на правото.
„Ние сме многу флексибилни по ова прашање но на позитивен начин. Доколку работие созреат доволно ние уште пред април ќе изготвиме позитивен извештај. Но земјата треба добро да ги подготви работите околу реформските приоритети и околу акциониот план и се што е поврзано со тоа.“ – изјави изјава Јоханес Хан.
Високата претставничка на европската комисија, Федерика Могерини која беше копретседавач на советот заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пак изјави дека Европската унија стоеше зад земјата целиот период на политичка криза , го помогнала дијалогот и дека сега се очекуваат резултати од посветеноста на реформите.
„Мило ни е што денес сме сведоци на нов почеток за земјата, како што реков, нов оптимизам, силна заложба, која ни овозможува да ја фокусираме целата наша енергија на реформите кои граѓаните ги сакаат и им се потребни, во рамките на перспективата за интегрција во Европската унија на земјата и целиот регион.“ – изјави Могерини.
Вицепремиерот Бујар Османи посочи дека по една година пауза, поради тешката политичка криза во земјата, денешниот состанок претставува добар знак дека државата се враќа на патот кон евроинтеграциите. Посочи дека на еврокомесарите им пренел три основни пораки и дека планот на владата е да се постигне консензус со сите фактори во државата со цел побрз пат кон Европската Унија. Го обралозложи патоказот 3 6 9 и најави дека законот за алабнскиот јазик ќе биде донесен во првите 100 дена од Владата.
„Пораката која денеска ја испратив е дека планот 3 6 9 кој што го подготвивме како дел од првата траекторија, а се однесува на мерки кои трреба да се реализираат во првите три месеци, као кратко рочен план, се до следните локални избори за да имаме фер и кредибилни избори, шест месеци до крајот на годината и девет месеци до следниот извештај на европкста комисија, ќе го спроведеме меѓутоа ќе ги адресираме и отворените политички прашања.“ – изјави Бујар Османи – вицепремиерот за евроинтеграции.
Министерот за надворепшни работи, Никола Димитров пак порача дека новата влада има само едно суштинско ветување а тоа е градење на независни институции кои ќе обезбедат со државата да владее правото. Порача дека државата е цврсто решена да ја искористи втората шанса која и е дадена од Унијата.
„Ние не само што сме подготвени туку и мораме да испорачаме резултати а ЕУ пак има шанса да ја демонстрира својата стратешка визија и да најде начин за продолжување на пристапниот процес со Македонија врз основа на овие резултати.“ – изјави Димитров.
Вчерашниот  состанок во Брисел доаѓа по две годишна пауза и во време додека експертите предводени од Рајнхард Прибе ја скенирата состојбата во земајва, со акцент на владеењето на правото. Владата вети одмрзнување на препораката, ап ремиерот оптимситички најави дека во 2018 Македонија може да добие датум за старт на преговорите.

Слични содржини