– Британци, кои сакаат да останат во европското семејство, ја преплавиле ирската Амбасада во Лондон и поштите во Северна Ирска со прашања како да добијат ирски пасош и со барања за формулари за патни исправи, соопшто ирското Министерство за надворешни работи.drone-hits-british-airways-plane-landing-at-heathrow-airport-136405254558903901-160417194054

Формуларите, кои можат да се добијат во поштите, биле разграбани, а во Амбасадата се добиени над 4.000 прашања за пасош, во споредба со вообичаените околу 200 дневно, истакна дипломатски извор.

Секое лице, кое е родено во Република Ирска или во Северна Ирска, или кое има родител или баба и дедо Ирци, има право на ирски пасош. Околу шест милиони луѓе, кои живеат во Велика Британија, имаат ирски пасош.

– По референдумот во Обединетото кралство драстично се зголеми интересот за ирски пасоши, изјави ирскиот министер за надворешни работи Чарли Фланаган.

Слични содржини