Бројот на жртвите од експлозијата во метрото во Санкт Петербург расте ( Видео)

од Vladimir Zorba

Веќе е јасно дека загинатите при жестокиот  напад се 12, на 50 повредени информира Канал 3, повикувајќи се на руски медиуми.

2 тела се пронајдени на станицата кај  возот,  8 трупа имало во вагонот, а други две во тунелот, каде всушност се случила експлозијата. Се прецизира дека експлозијата била само една , а не две како што се јавуваше првично.

Според очевидци не станува збор за експлозија од граната, туку експлозивната направа која била оставено во ранец.

Според мислењето на руски експерт добро е што  експлозијата се случила околу пладне , бидејќи ако бил вечерта, жртвитеби  требало да бидат многу повеќе.

Како што информиравме експлозија ја  потресе станица на метрото во Санкт Петербург. Во моментов се знае дека загинатите се 12, а повредените  се над 50. Станицата е евакуирана, а сообраќајот во градот пхаотичен. Претседателот Владимир Путин изјави дека  сите служби се мобилизирани и работат на секакви верзии за инцидентот. На местото на несреќата работат специјалисти по експлозиите од Федералната служба за безбедност (ФСБ), како и инспектори.

Експлозијата во петербургското метро е типичен терористички напад., посочи полк. Иван Бојаџиев, експерт за експлозиви и муниција и експерт за безбедност во врска со експлозијата во метрото во рускиот град Санкт Петербург.

Во Санк Петербург се наоѓа и претседателот Владимир Путин.

 

 

 

Слични содржини