Во Бугарија канабисот заесејан на нива до илјада хектари е легален, а земјоделците може да го произведуваат со дозвола на надлежното министерство, велат од бугарското Министерство за земјоделство.


„Министерството за земјоделство ќе издава дозволи кои ќе важат една година и ќе им овозможат на земјоделците да посеат само една култура на точно одредена површина“, вели Стефка Дамјанова од ресорното министерство.
Таа вели дека производството е регулирано со нацрт уредби објавени на веб страницата на министерството.

„Канабисот во Бугарија е легално засаден на повеќе од илјада хектари“, вели Дамјанова за Буграското национално радио.

Таа додава дека земјоделецот по сеењето е должен да ја извести надлежната полициска управа. Многу земји на светот веќе ја легализираа употребата на марихуаната во медицински цели, а меѓу нив и Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Холандија и други.
Македонија е прва од балканскиот полуостров која кон средината на минатата година ја одобри употребата на лекови на база на марихуана.

Слични содржини