Бушати: Албанија очекува препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ

од desk4

Албанија очекува Европската Унија да го признае напредокот и напролет да препорача почеток на пристапните преговори, изјави албанскиот министер за надворешни работи Бушати.

Тој го поздрави тоа што Бугарија го постави Западен Балкан како главен приоритет во нејзиното претседавање и изрази убеденост дека следните месеци ќе бидат клучни за земјите од регионот.

– Додека се приблжуваме кон бугарското претседавање со ЕУ, кое треба да почне од Нова година и анализирајќи ја зголемената интеракција помеѓу земјите од западен Балкан и ЕУ во текот на изминатите две години, јасно е дека ова ќе биде клучна година за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ,- напиша Бушати во денешниот авторски текст за Еуроактив.

Тој кажа дека од Европската комисија очекува стратегија со јасна визија, а Западен Балкан и Албнија да бидат посебен дел од неа.

Бушати пишува дека доколку заживее процесот на проширување на ЕУ тоа ќе значи поттик за развојот во регионот и силно средство во спротивставувањето на популистичките идеи и пропаганда на антиевропските земји.

Според него политиката за проширување придонесува за мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан.

Слични содржини