Бутарис го покани Заев да слават Нова година во Солун

од desk4

На средбата меѓу градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и премиерот Заев, се зборувало за интензивирање на соработката на локално ниво под покровителство на владите. Јас како градоначалник не би навлегувал многу во политички прашања, но верувам дека силните меѓусебни релации меѓу градовите и жителите се многу важни и за соработка меѓу државите, изјави Бутарис, информира Телма.

Една од темите на разговорот беше дека поличарите од двете страни треба да ги острават перспективите на граѓаните, рече премиерот Заев.

Според Заев терен за конечно решавање на името се подготвува уште од првиот момент откако се формираше владата, но уште нема никави детали.

Досега сме на она што значи позитивни услови и расположение од сите страни, одговори премиерот на прашањетто дали се создава атмосфера за решавање на спороѕ во 2018-та година.

Средбата на преговарачите со медијаторот Нимиц која требаше да се одржи следната недела ќе се оствари на почетокот на декември. Владата останува на ставот преговорите да ги води заедно со опозицијата и со претседателот и на крај за името да се изјаснат граѓаните на референдум. Во духот на добрососедството, Бутарис го покани Заев на дочек на Нова година во Солун.

За соработка на локално ниво се зборуваше и на средба меѓу министерот Димитров и Бутарис минатиот месец во Солун. Гостинот од Грција ќе се сретне и со скопскиот градоначалник Шилегов, претседателот Иванов и министерот за надворешни работи Димитров.

Слични содржини