Членството сака промени со смена на раководството на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Групата на „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ кои неодамна најави дека бараат внатрешни промени не се откажуваат и полека го придобиваат членството  за промени на своја  страна. Од Фродем се бара оставка од Груевски .

Замислата на рефрматорите  за промени во ВМРО не е само персонална туку подазбира целосна промена на начинот на кој се носат одлуката за поголема внатрепартиска демократија. За нивниот ангажман веднаш добија етикети дека се предавници и платеници, вели Александар Михајлоски во  интервјуто на Фактор

„ На прес конференцијата на која што го објавивме формирањето на Републичкиот штаб за демократски реформи во ВМРО-ДПМНЕ ние посебно истакнавме дека се работи за внатрепартиска иницијатива за демократизација на партијата. Оваа иницијатива е покрената од членови активисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои подолг временски период не се согласуваат со начинот на раководење на партијата, но поради кризата во која што се најде партијата со објавување на т.н. „бомби„, сметавме дека излегувањето во јавност пред одржувањето на парламентарните избори 2016 година би можело да се искористи од страна на други политички субјекти за да се ослаби позицијата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Во таа смисла ние активно учествуваме на изборите, партијата освои 51 пратеничко место, а сепак не успеа да формира парламанетарно мнозинство и после 11 години на власт премина во опозиција.

Од наша страна сочекавме да видиме дали во органите на партијата ќе се отвори сериозна дискусија за тоа кои се причините поради кои партијата не успеа да формира влада, но наместо дискусија ние добивме најави за внатрепартиски кадровски „освежувања„, а како дополнителен товар и меѓународна изолација. Во тој момент почуствуваме дека мора да се излезе јавно со цел да ја разбудиме свеста кај членовите, дека ВМРО-ДПМНЕ после 11 години власт, се наоѓа во исклучителна незавидна позиција, дека партијата оди во опозиција и покрај тоа што победи на изборите, а дополнително е целосно меѓународно изолирана со тенденција доколку не се направат соодветните реформи за демократизација да се сведе на декор-партија на македонската политичка сцена вели Михајловски

Нашата иницијатива е за суштинска демократизација на партијата. Притоа се уште не сме размислувале на потенцијален наследник, ниту за потенцијални имиња во партиските органи и тела. Многу е важно да се истакне дека ние не сакаме и нема да одиме со лична дисквалификација кон ниту еден член на партијата. Конечно, реформите мора да ги прифатиме сите ние и да ги спроведеме заеднички, а со цел да не се дозволи раслојување на членството, формирање на нови фракции или нови партии.

ФРОДЕМ пак бара диретна смена на Груевски и оценува дека вчера, на фамилијарна роденденска забава, по којзнае кој пат се изнаслушавме лажни зборови, измислици и самофалби. По кознае кој пат слушнавме за внатрешни и надворешни непријатели како и инфантилни пораки и блефови. Тоа беше скапа парада на лажна сигурност.

„Видовме, како купче персони, кои ја украдоа Македонија и ја приватизираа ВМРО-ДПМНЕ непречено продаваат магла, па дури и се закануваат. Пастирот дрско кобеше и го кудеше народот зошто повторно не му дал апсолутна власт со 63 пратеника. Оти, кутрите, поради „жолтите комбиња“ последните избори не можеле пак да ги наместат како и сите претходни.  Од друга страна, десетици илјадници луѓе по најразлични основи, од неразјаснети случаи, преку тешки монтирани прогонства, па се до брутални бизнис преземања, рекетирања, малтретирања и бркања од работа, секојдневно очекуваат да се почне со реална примена на Кривичниот закон. Затоа, ФРОДЕМ ја повикува новата власт без никакви задкулисни калкулации веднаш да пристапи кон враќање на поредокот и правдата, и конечното декриминализирање на Македонија“, се наведува во соопштението.

ФРОДЕМ смета дека прва работа која членството на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направи е масовно барање за оставка на Груевски како и да го промени статутот со кој ќе овозможат нормални внатрепартиски односи меѓу членството и органите, заклучуво Јове Кекновкси во името на ФРОДЕМ.

Сепак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на сите им порача  и им реплицира дека во тек е внатрешна обнова и подготовка за нов почеток, ново утро, кон повторно враќање на власт на најмоќната, најголемата и најуспешната политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Тој тоа го  истакна  во своето вчерашно обраќање по повод прославата на 27-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ.

видео Македонија 24

Слични содржини