Дали сме нормални? СИЛВАНА БОНЕВА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ОД ДИК ЗЕЛА 12.000 ЕВРА

од Vladimir Zorba
190 прегледи
Дaли е се ова нормално,баш би сакал одговор! Не велам дека Бонева крадела, може таков е системот и ` дозволува, да ја цеди државата до последен денар, и друго е етичноста и моралноста ама колку државата навистина плаќа трошоци што треба да земе 2000 евра месечно, само на име на пат!? Па што ќе ѝ е плата тогаш? Зарем толку сме богати?
silvana-boneva-670x670

СИЛВАНА БОНЕВА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ОД ДИК ЗЕЛА 12.000 ЕВРА

Од друга страна ајде да истражуваме и дали била на патот каде што пријавува дека патува. Барем сега е лесно има телефони мобилни, има таа и службен телефон нели, со кој може да се провери преку Телеком, од кои предаватели, базни станици се конектирала. Да видиме тие денови кога наплатила во тие изминати 6 месеци, дали цело време е во Скопје, или пак има конекции само од Срумица, на пример. Да видиме за сите тие денови што наплатила дали навистина имало потреба да се плати ?
Ама што е многу-многу е: Ова е фино и за истражувачка сторија за младите новинари или можеме и вака јавно да ја истражуваме заедно на ФБ.
Ајде да ги провериме, и службите државни кои плаќаат со наши пари, дали тоа баш така треба и мора? Можеби граѓаните ќе ни посочат други информации и ете Телеком има можност сè да потврди и демантира, да се види дали цело време е во Скопје, или патува во Струмица, за каде што наплаќа. Тргнуваме од оваа базична информација и таа вели дека сè е легално. Ок !
Не прејудицираме, но да видиме каде е грешката затоа што ова не е нормално и не е за молчење.
А, втората работа вредна за истражување, како во оваа држава и по кој основ се наплаќаат патни трошоци за функционери, пошто за рајата одамна нема ниту пат, ниту храна, ниту прекувремени, ниту празнично, ниту слободни денови или фул одмор, туку само работа од јутра до сутра. Синдикатите тоа белким (не ) ги интересира?
Фејсбук стаус на Драган Антоновски ( Dragan Antonio)

Слични содржини