ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Сончево, суво и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

МАКСИМАЛНИ  измерени ТЕМПЕРАТУРИ:28Маврово, 29 Охрид, 30 Претор, 31Прилеп и Лазарополе, 32Берово,33К.Паланка, 34 Гевгелија, Виница и Струмица, 35 Битола, 36Скопје-Петровец, Тетово,Штип и Д.Капија до 37 Скопје – З.Рид.

 ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ:Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Преку ноќта ќе бидеведро со слаб југоисточен ветер.

природа

ВРЕМЕТО УТРЕ:Утре нашето подрачје постепено ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, а кон крајот на денот ќе продира и посвежа воздушна маса од северозапад со умерен северозападен ветер, при што ќе настапи односно ќе следува значителна промена на времето. Сепак утре денот ќе започне со претежно сончево и топло време, но попладне најпрвин во западните делови, а кон крајот на денот и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, особено во северните и југозападните делови. Врнежите од дождќе продолжат и во текот на ноќта, на места ќе бидат побилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи, особено на југот и западот од земјава.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 10 до 19, а највисоката дневна од 27 до 34 степени. УВ  индексот ќе има висока вредност 6.

 

СКОПЈЕ УТРЕ:Претпладне сончевои топло, доцна попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до17, а највисоката дневна ќе достигне до 34 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Во понеделник времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната. Потоа следува период период на променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, особено во јужните и источните делови.

 

Слични содржини