Димишкова која го притвори Заев за „Глобал“ се очекува да биде нова претседателка на ОС Скопје 1

од desk4

Судијката Весна Димишкова в среда се очекува да биде избрана за претседателка на скопска единица, како најголем фаворит од осумте пријавени кандидати за првата позиција во Кривичниот суд.

По оставката и на досегашниот вд претседател Стојанче Рибарев, Судскиот совет во среда „се одважи“ по повеќе од една година недефиниран статус со првата позиција во единица да закаже избор на претседател.

Според дневниот ред, Советот ќе ја разгледа прво оставката на Рибарев, иако за тоа нема никаква законска и деловничка обврска, ниту може да донесе одлука да не му ја прифати. Рибарев не е судија на скопскиот суд и бара да се врати во Врховниот од каде што беше испратен како „принуден управник“ да ги пегла крајно нарушените односи во судот што се создадоа со претседателствувањето на Владимир Панчевски и вд претседателката Татјана Михајлова.

По ова, Судскиот совет ќе прави ранг листа од 8-те пријавени и ќе избира претседател.

По серијата меѓусебни кривични пријави, како и серија кривични пријави од други лица против Панчевски, од трка дефинитивно отпаѓа екс претседателот и, но и неговиот најголем јавен ривал судијата Иван Џолев.

Иако многумина во Џолев гледаа нов претседател поради јавните несогласувања со Панчевски, сепак, една од „врските“, скопска адвокатска канцеларија која лобирала за него, во исто време лобира и за останување на директорска позиција во институција од правосудството на нивна роднина која цела деценија ја држи таа позиција, и тоа му ги урнало шансите на Џолев да добие повеќе поени.

Од тука, Димишкова како кадар зад која несебично застанала Американската амбасада во Скопје, се очекува да биде новата претседателка. Поради нејзин контакт со амбсадата, како што пишуваше Сведок, таа била следена од службите и повикана кај Панчевски додека беше претседател да ја распрашува што барала во Американската резиденција, како и зошто контактира со Лидија Неделкова.

Весна Димишкова е судијката која заедно со Лидија Неделкова и Горан Бошевски одлучија да го притворат Зооран Заев за случајот со трговскиот центар „Глобал“ кој заврши со аболиција донесена од тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Тогашниот истражен судија Седат Реџепагиќ два пати го одби барањето на обвинителката Гордана Гешкоска за притворање на Зоран Заев, а советот во кој беа Димишкова, Неделкова и Бошевски прво го врати на дополнување решението за „несогласност“ околу притворот, а потоа мериторно одлучи да го притвори.

Овој случај се водеше во летен период, во време кога со судот раководеше Добрила Кацарска, која исто така несебично се залагала да се определи притвор за Заев јавувајќи се од Турција каде што користела годишен одмор.

Стручен соработник на советот кој го притвори Зоран Заев беше сегашната судијка Џенета Бектовиќ која го судеше насилството врз Радмила Шеќеринска и Зоран Заев во Собранието.

Во среда, Судскиот совет би требало да ја затвори приказната со скопска единица, но нема најава зошто тоа не го прави и со судовите кои немаат легитимно избрани претседатели со мандат, туку како вд претседатели, спротивно на сите закони ги водат судовите подолг период.

Такви се примерите во Апелациониот суд во Штип каде што по изборот на Стојанче Рибарев повеќе од една година има вд претседател, но и судовите во Тетово, Куманово, Ресен и други.

Во меѓувреме, во скопска единица Рибарев кој си даде оставка го заменува судијката Дијана Груевска, која минатата недела заминала на службен пат, па во време кога беше фатено лицето од Арачиново со петарди околу себе немало кој да даде наредба вработениите поради наводен безбедносен ризик порано да го напуштат судот и да си заминат дома.

Состојбите во скопска единица зедоа голем дел и во извештајот на Прибе, а скопскиот кривичен суд, преку десетина судии и нивните одлуки стана главен кочничар за водење на постапките на СЈО.

Во меѓувреме и СЈО и Министерството за правда го проверуваат АКМИС системот поради злоупотреби што се правеле со местење на предмети кај подобни судии.

Токму Весна Димишкова има испратено писмо до Судскиот совет во кое укажува дека се злоупотребува системот, бидејќи нејзе, како судија во претходна постапка и давале пет пати помалку предмети на месечна основа, наспроти нејзините колешки, па од таму не можела да извади ни месечна норма од што зависи и оценката на судиите.

Извор: Сведок

Слични содржини