Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги назначи првите тројца државници во своето владеење. Сенаторот Џеф Сешнс ќе биде главен обвинител и ќе го предводи Министерството за правда, конгресменот Мајк Помпео ќе ја преземе функцијата директор на ЦИА, а пензионираниот генерал Мајкл Флин ќе стане претседателски советник за национална безбедност.
И тројцата ги прифатиле предложените мислења од Трамп, изјавија официјални претставници од администрацијата на републиканецот.
Претходно денеска светските агенции соопштија дека Доналд Трамп му се јавил и му ја предложил на републиканскиот сенатор од државата Алабама Џеф Сешнс функцијата главен обвинител на САД. 69-годишниот Сешнс кој е сенатор веќе четири мандати, е докажан поддржувач и еден од најревносните заштитници на политиките на Трамп.