Доста е! Завршија прикаските со платформи, ВМРО ДПМНЕ оди во опозиција, а ние правиме нова реформска Влада !

од Vladimir Zorba

Новата Влада на Република Македонија, во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок на Република Македонија и нашите приоритетни цели-  ЕУ и НАТО!

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува што поскоро  Македонија да добие нова реформска Влада. По завршувањето на распитот во Јавното обвинителство Заев рече дека  работите не зависат само од него, но сепак ќе гледа, максимално да ги скрати роковите и да не се чека период од 20 за преговори за Влада.

„Гледате дека презентиравме програма на новата Влада, за да докажеме дека нема веќе појдовни основи, програми на политички партии, платформи, декларации или изјави. Има ништо повеќе и ништо помалку – програма на идната Влада на Република Македонија, којашто во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок на Република Македонија и нашите приоритетни цели ЕУ и НАТО“ , изјави Зоран Заев.

За вторник е закажана координација во парламентот со  претседавачот на конститутивата седница на новиот параламент, Трајко Вељановски и претсавници на парламентарните партии. Координацијата е зкажана  по предавањето на 67 потписи од парламентарното мнозинсто , со барање за закажување седница за избор на претседател на Собранието на РМ.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски по предавањето на потписите изјави:

– Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара за да продолжи конститутивната седница. Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница и конечно оваа клучна институција како претставнички орган на граѓаните на РМ да почне да функционира, што е во интерес на државата, рече Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.

Тој додаде дека прв чекор кон тоа е да биде избран претседател на Собранието кој, како што вели, ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на претседателот Иванов. Посочи дека тој е должен да го даде мандатот за состав на владата на лидерот на СДСМ Зоран Зоран.

Иако посотојано тврдеа дека не прават блокада за докомплетирање на конститутирањето на парламентот,и дека нема да ги блокираат македноснки институции сепак ВМРО ДПМНЕ, најавуваат блокада и на овој процес.

На прес конференција пратеникот Илија Димовски овој процес на избор на претседател на парламентот, го нарече почеток на спроведување на тиранската платформа, и дека тие со сите сили ќе се спротистават на тие процеси., кои ги дефинирале како против државни Детали не се кажани но се препознава дека ВМРО ДМНЕ не се крие дека ќе дејствува, да не дозволи не само доделување мандат од Иванов, туку и избор на претседател на парламенет.

Вчера по доставувањето  на потписите, пред собранието на РМ се истоварени два каминио полициски браници, а забележано е и дека мајстори ги заварувале подрумските решетки на прозорците на зградата на парламентот

За вторник кога е закажана координацијата  во парламентот, во Македонија пристигнува  и еврокомесарот Јоханес Хан со тројцата  европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн.

Во интервју за DW, еврокомесарот за проширување говори за обврските на новата влада и шансите, доколку се исполни ветеното, да се забрза процесот на интеграцијата во ЕУ.

Прво демократско предавање на власта, а потоа и спроведување на договорените реформи, порачува европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во пресрет на посетата на Скопје планирана за вторник, 21 март.

Хан го оценува мешањето на албанскиот премиер Еди Рама како контрапродуктивно и ја обвинува Русија дека „додава масло на огнот“ во нестабилната состојба во регионот. Хан ги отфрли критиките дека ЕУ го загубила влијанието во однос на земјите од балканскиот регион и особено Македонија. Во Македонија „75 проценти од граѓаните посакуваат членство во ЕУ., вели Хан.

И не само од ЕУ туку и од САД и повеќе меѓународни институции се бара мирно предавање на власта, а во тој контест, од СДСМ вчера до ВМРО ДПМНЕ упатија и соопштение во кое велат дека е време конечно Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ да сватат дека одат во опозиција.

 

Слични содржини