ДУИ одбележува годишнина од конфликтот 2001

од desk2

ДУИ денеска во Чаир одбележува 16 години од конфликтот во 2001 година. Минатата година на одбележувањето беше откриен споменикот Двоглав орел.

Како што е најавено, според информациите на ТВ 24 на манифестацијата ќе се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети придружуван од сопартијците, од двете крила на партијата.

Целта на Ахмети, според информациите на ТВ 24, е да демонстрира единство на партијата пред нивната одлука дали ќе му ги дадат своите десет потписи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. По манифестацијата се очекува Ахмети да даде изјави и да одговори кога ДУИ конечно ќе донесе одлука и дали Македонија конечно ќе добие влада.

Слични содржини