Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец, попладнево бил уапсен додека седел во еден познат скопски ресторан во близина на Владата. 

 

Откако го уапсиле тој веднаш бил однесен во полициската  станица Беко, а потоа според процедурата Темелко е  однесен во затворот во Шутка за да ја издржи мерката притвор. Претходно, по него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи Кривичниот суд му одреди притвор од 30 дена, поради опасност од бегство. Темелко е обвинет во случајот Титаник на СЈО.