Радев очекува што поскоро средба со Силјановска-Давкова: „Желбата на С.Македонија за дијалог е позитивен знак“

од Nikola Popovski

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ како што беше со случајот с секоја земја-членка“, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим, кој исто како и македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, беше на аудиенција кај Папата, во чест на одбележувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

-Мојата порака до претседателката е дека Бугарија очекува промена на реториката и конечно крај на јазикот на омразата, додал шефот на бугарската држава.

Бугарскиот претседател објаснил дека бугарската делегација денес не била во можност да се сретне со македонската делегација.

-Позитивен знак е што претседателката на РСМ покажа желба за средба, одговорил Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска Давкова во Рим.

-Очекувам дека таква средба ќе има наскоро, рекол тој, додавајќи дека ја кани Силјановска Давкова на официјална средба во Софија.

-Сметам дека желбата на PCM за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателката на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, кажал Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини