Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис изјави дека економските реформи на земјата “ќе пропаднат” , соопштува ББЦ.Во интервју за британските медиуми тој нагласува дека Грција усвојува програма која ќе “влезе во историјата како најголема катастрофа во макроекономскиот менаџмент “.

Varufakis3

Вчера неколку европски парламентот, вклучувајќи ги i  Германија одобрија започнувањето на преговори со Атина за трети спасувачки план. Спасувачката програма вклучува доделување на 86 милијарди евра на Грција во замена поставување на нови строги мерки за штедење.Оваа програма ќе пропадне, рече Варуфакис. Запрашан кога ќе се случи тоа, тој одговори ” Веќе пропаднa “.

Според него тој е имал несогласувања со премиерот Ципрас и заради тоа си поднел оставка.

Според поранешниот министер за финансии Ципрас, кој признава дека не верува во третиот спасувачки пакет, а инсистира na отпишување на дел од долгот, немал голем избор.

Ни беше наметнат избор меѓу егзекуција и капитулација . И тој одлучи дека капитулацијата е крајната стратегија, продолжи Варуфакис.

Вчера вечерта Ципрас најави промени во кабинетот , заменувајќи неколку министри, кои гласаа против реформите на доверителите во парламентот претходно оваа недела. Едниот од нив е енергетскиот министер Панајотис Лафазанис. Но Ципрас не стави технократи или опозициски политичари на слободните министерски фотелји.

Грција мора даоди на  бараните од кредиторите реформи, до  среда следната недела, за да си обезбеди тригодишна финансиска програма.

Се очекува преговорите за новиот спасувачки пакет да продолжат околу 4 недели.

Во исто време постои веројатност банките во Грција да ги отворат вратите во понеделник, откако Европската централна банка го  крена таванот на ликвидност  со помош од 900 милиони евра. Сепак, контролата врз капиталот ќе остане на  сила.

Одделно Европскиот совет одобри 7 милијарди евра  финансии за Грција од Европскиот механизам за финансиска стабилност. Парите главно ќе бидат наменети за исплата на обврските кон Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Слични содржини